212
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Брисел повика на продолжување на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас за да се овозможи ослободување на уште заложници.
Денеска истекува четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, постигнато со посредство на Катар.
Вчера Хамас повика на продолжување на примирјето со Израел по договорените четири дена, со цел, како што се наведува, да се зголеми бројот на ослободените.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави потоа дека му рекол на американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор дека е отворен за продолжување на примирјето со Хамас, но повтори дека откако ќе заврши, копнената операција на израелските вооружени сили во Појасот Газа ќе продолжи со „полна сила“.