Столтенберг пречекан со химните на НАТО и Македонија

од Nikola Popovski
246 прегледи

Со највисоки државни и воени почести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг попладнево беше пречекан пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски. На платото пред Владата по пристигнувањето на Столтенберг се интонираa химните на Македонија и НАТО, а како дел од почестите беше рапорт на командантот на почесната воена гардиска единица, поздрав на знамето на Република Македонија и обиколка на почесната воена гардиска единица и поздрав од страна на генералниот секретар на НАТО.

По церемонијата високиот гостин на НАТО и премиерот ќе имаат средба, по што е предвидена заедничка конференција за печат.

После прес-конференцијата, Столтенберг ќе се упати кон Собранието, каде во 17 часот и 20 минути е предвидено да се обрати пред пратениците во салата „Голема купола“.

Подоцна се очекува Столтенберг да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски во вилата „Водно“.

Ова е втора посета на Столтенберг по потпишувањето на протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО во јуни 2018 година.

Слични содржини