Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги предупреди Русија и Белорусија денес да не се закануваат на членките на Северноатлантската алијанса, откако белоруските власти насилно го спуштија патничкиот авион „Рајанер“ кој се наоѓаше на летот Атина – Вилнус во рамките на ЕУ.
-Ајде да го заштитиме и браниме секој сојузник од каква било закана што доаѓа од Минск и Москва – изјави генералниот секретар на НАТО за весникот „Велт ам Зонтаг“.
Тој вели дека НАТО „многу внимателно“ следи што се случува во Белорусија.
– Белорусија станува сè позависна од Русија – нагласи Столтенберг, а пренесе агенцијата Хина.