131
Рускиот претседател Владимир Путин нема непосредни планови за мир во Украина и затоа Западот треба уште долго да се подготвува да му пружи помош на Киев, предупреди генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Претседателот Путин не планира мир, тој планира да продолжи со војувањето“, рече Столтенберг во интервју за „Гардијан“.
Тој изјави дека Русија го зголемува воено индустриското производство и се обидува да „посегне до авторитарните режими, како Иран или Северна Кореја и други, во обид да набави повеќе оружје“.