Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Русија собрала голема залиха ракети пред почетокот на зимата.
Столтенберг ја обвини Русија дека повторно се обидува да ја нападне електричната мрежа и инфраструктурата на Украина и „да ја остави Украина во мрак и студ“, пренесува „Ројтерс“.
На состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, тој рече дека НАТО не смее да ја потценува Русија и нејзината способност да ја продолжи војната во Украина, додава „Гардијан“.
Додаде дека војната го намалила влијанието на Русија во странските земји кои се блиски до неа, ја направила позависна од Кина и „чинела значителен дел од нејзините конвенционални сили“.
„Сето ова ја истакнува стратешката грешка на Путин во инвазијата на Украина. Во исто време, не смееме да ја потцениме Русија“, заклучи Столтенберг.