219
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека е клучно да се обезбедат услови за претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја посетат нуклеарната централа Запорожје во Украина и ја повика Русија да ги повлече своите војници од таа постројка.
„Итно е неопходно да се дозволи инспекција на Меѓународната агенција за атомска енергија и да се гарантира повлекување на сите руски сили“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Столтенберг, истакна дека фактот што руските воени сили ја окупираа нуклеарната централа Запорожје претставува сериозна закана за безбедноста и заштитата на тој објект.