Столтенберг: Руската инвазија на Украина можеше да биде спречена

Тој го опиша како „болен“ моментот кога во февруари 2022 година го отфрли очајничкиот апел од украинскиот претседател Володимир Зеленски за воведување зона на забранети летови над Украина.

од Vladimir Zorba
22 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/АПТ

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ја водеше алијансата една деценија, изјави дека руската инвазија на Украина можеше да биде спречена, објави денес „Тајмс“.

Според норвешкиот политичар, доколку НАТО ѝ дадеше поголема воена поддршка на Украина кога рускиот претседател Владимир Путин го анектираше Крим, руската инвазија на Украина осум години подоцна можеше да биде спречена.

Тој го опиша како „болен“ моментот кога во февруари 2022 година го отфрли очајничкиот апел од украинскиот претседател Володимир Зеленски за воведување зона на забранети летови над Украина.