211
Останува на Украина да одлучи за условите за преговори со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Украинците и само Украинците можат да одлучат кога се исполнети условите за преговори и кој може да одлучи на преговарачка маса кое е прифатливо решение“, рече Столтенберг, пренесе „Ројтерс“.
Говорејќи на конференција во норвешкиот град Арендал, тој додаде дека улогата на НАТО е да ја поддржи Украина.