Столтенберг: Се уште не се знае кој стои зад нападот на Северен тек

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека се уште не е јасно кој е одговорен за нападот на гасоводот „Северен тек“ минатата година, додека не заврши истрагата за саботажа.

„Она што го знаеме е дека имаше напад на гасоводот, но не успеавме да утврдиме кој стои зад нападот“, рече Столтенберг пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Стокхолм, пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека истрагите на одделни земји се во тек и дека „треба да почекаме да завршат и да биде утврдено кој стои зад нападот“.

Слични содржини