Ги поздравувам напорите на Северна Македонија да промовира мир и стабилност во регионот. Сега сте дел од политиката за воздухопловниот систем на НАТО, тоа е покажување на солидарноста на НАТО, ние се браниме меѓу себе“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерто Димитар Ковачевски.
Генералниот секретар на НАТО потоа се осврна на состојбата со Русија и Украина, нагласувајќи дека секоја деескалација од страна на Русија ќе има големи последици.
-Има значително движење на руските воени сили кон Белорусија и ова е најголемото распоредување на сили од времето на Студената војна, со очекувани 30 илјади борбени трупи, специјални сили, борбени авиони и ракетни системи. Сето ова ќе се искомбинира со годишните нуклеарни вежби на Русија кои што се очекуваат токму во овој момент. НАТО продолжува да апелира до Русија да деескалира. Секоја натамошна руска агресија ќе има сериозни последици и висока цена. Сакаме да се вклучиме во значаен дијалог со нив, сакаме да работиме на односите со Русија, да го намалиме ризикот, да ја зголемиме транспарентноста и да ја спречиме пролиферацијата на оружје. Секоја нација има право да го избере својот пат, а НАТО покажа дека може да ги брани сите свои сојузници. Ние сакаме да најдеме политичко решение за кризата, но вие морам да бидете подготвени за најлошото, кажа генералниот секретар на НАТО.
Тој напомена дека вчера САД најавила дека ќе распоредат сили во Германија, Полска и Романија и ова доаѓа како плус на сите досегашни нивни напори и распоредување на сили во НАТО командите.