Сите сојузници на НАТО се согласни Украина да стане членка на Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Сите сојузници се согласуваат дека Москва нема право на вето за проширување на НАТО. Напредуваме, сојузниците се согласуваат Украина да стане членка“, изјави Столтенберг пред новинарите пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.
Тој најави и дека наскоро планира да отпатува за Турција на разговори за членството на Шведска во Алијансата.
„Разговарав со претседателот Реџеп Тајип Ердоган претходно оваа недела, исто така ќе отпатувам во Анкара во блиска иднина за да продолжам да разговарам за тоа како можеме да обезбедиме најбрз можен прием на Шведска“, рече генералниот секретар на НАТО.