Столтенберг: Светот стана поопасен, но НАТО е посилен во последните 10 години

од Nikola Popovski
17 прегледи

Светот стана поопасен, но НАТО зајакна во последните десет години, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Она што ги карактеризира овие десет години е свет кој стана поопасен и непредвидлив. Тоа е најлошата вест. Добрата вест е дека НАТО стана посилен“, рекол Столтенберг на состанок што се одржал под покровителство на Норвешкиот Атлантски Комитет во Градското собрание во Осло каде ги сумирал своите десет години како генерален секретар на НАТО, објави норвешкиот портал „Nettavisen“.

На прашањето дали неговата функција е онака како што мислел дека ќе биде, Столтенберг одговорил негативно.

„Работата стана сосема поинаква од она што го замислував. Во 2014 година имаше доста добри односи меѓу НАТО и Русија, а никој немаше слушнато за Исламската држава“, рекол Столтенберг.

Во јануари 2014 година, Столтенберг се согласи да стане нов генерален секретар на НАТО, а на таа позиција следниот месец ќе го замени поранешниот холандски премиер Марк Руте.

Слични содржини