146
Украина ќе стане членка на НАТО, но тоа е долгорочна перспектива, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, при посетата на Финска.
„Земјите од НАТО се согласуваат Украина да стане членка на Алијансата, но ова е и долгорочна перспектива“, рече Столтенберг, повикувајќи да се изгради „рамка“ за да се избегне каква било нова инвазија во иднина.
Столтенберг е во посета на Финска, која аплицираше за влез во НАТО.