Столтенберг: Украина ќе стане членка на НАТО, а Русија нема да победи во оваа војна

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

Украина ќе стане членка на НАТО, како и Шведска, а Русија нема и не може да победи во оваа војна, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Столтенберг одржа прес-конференција во пресрет на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло, Норвешка, како дел од подготовките за претстојниот самит на Алијансата во Вилнус во јули, каде зборуваше за војната во Украина, проширувањето на Алијанса, како и други теми.

„Во текот на последните месеци, сојузниците и партнерите на НАТО обезбедија невидено ниво на поддршка за Украина, помагајќи им да ја вратат и ослободат украинската територија“, рече Столтенберг на почетокот, додавајќи дека сите сојузници се согласуваат Украина да стане членка на Алијансата и дека зависи од НАТО сојузниците и Украина да одлучат кога тоа ќе се случи.

„Не е до Москва да има вето против проширувањето на НАТО“, рече Столтенберг.

„Мораме да се погрижиме Украина да победи по оваа војна. И кога војната ќе заврши, мораме да се погрижиме историјата да не се повтори, овој модел на руска агресија врз Украина навистина да престане, и затоа мора да имаме воспоставени рамки за да се обезбедат гаранции за безбедноста на Украина откако ќе заврши војната, за да не се повтори историјата“, рече тој, додавајќи дека ќе се разговара и за други прашања, вклучително и одвраќањето и одбраната.

Слични содржини