459
Украина напредува во контраофанзивата започната во јуни, со која сака да ја врати територијата окупирана од Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Украинците постепено ја освојуваат територијата. Тие успеаја да ги пробијат одбранбените линии на руските сили и одат напред“, изјави Столтенберг пред пратениците во Европскиот парламент, пренесува „Ројтерс“.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во понеделникот оцени дека украинската армија не ги постигнала своите цели за време на тримесечната контраофанзива во ниту една област.