302
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска, за време на ненајавената посета на Киев, дека украинските сили постепено освојуваат територии во контраофанзива против руските сили.
Говорејќи на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Столтенберг рече дека руските сили се борат за „империјалните заблуди“ на Москва, пренесе Ројтерс.
Столтенберг рече дека НАТО сега има големи рамковни договори со компании за оружје во вредност од 2,4 милијарди евра за муниција, вклучувајќи 1 милијарда евра цврсти нарачки.