Столтенберг: Важно е да се намалат тензиите на северот на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, синоќа во Брисел, пред средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека е важно да се намалат тензиите на северот на Косово.

„Како што знаете, КФОР е мировна мисија на НАТО, која беше присутна во Косово со години како дел од мандатот што го доби од Обединетите нации. Ние ја извршуваме нашата мисија со цел да обезбедиме безбедна околина и слобода на движење за членовите на сите заедници. Нашите сили беа нападнати во мај, тројца наши членови беа сериозно повредени тогаш и тоа е неприфатливо“, нагласи Столтенберг.

Тој потсети дека поради зголемувањето на тензиите, персоналот на КФОР е зголемен за уште 500 припадници и посочи дека силите на КФОР ќе продолжат да ја извршуваат својата мисија во рамките на мандатот на ОН.

Слични содржини