Стомачна танчерка доби три години затвор поради „сексуално сугестивна“ објава на интернет

од Aleksandar Petrovski
269 прегледи

Стомачна танчерка од Египет заработи три години казна затвор во својата земја, поради „сексуално сугестивна“ објава на социјалните мрежи, соопштија властите во Каиро.

Покрај тоа, Сама Ел-Масри, која има над три милиони следачи на Инстаграм, ќе мора и да плати 15.000 фунти поради своето „неморално однесување на интернет“ и провокативните слики и видеа од себеси.

– Има огромна разлика меѓу слободата и развратот… Г-ѓа Ел-Масри и другите влијателни личности на социјалните мрежи ги уништуваат семејните вредности и традиции. Тие активности беа забранети со закон и со Уставот!, изјави Џон Талат, член на египетското Собрание кој побара правна постапка против г-ѓа Ел-Масри и неколкумина други лица.

Танчерката рече дека ќе поднесе жалба на изречената казна.

Од 2014 година, откако на власт дојде претседателот Абдел Фатах ел Сиси, стотици јавни личности, новинари, активисти, правници и интелектуалци се уапсени во име на државната безбедност.

Ел-Масрипред неколку години беше уапсена и за навреда на сопственикот на спортскиот клуб Замалек – Мортада Мансур.

Слични содржини