Кариесот е голем проблем кога станува збор за здравјето на забите, а миењето на устата само дополнително го влошува овој проблем, вели стоматологот Ками Хос.
Тој истакнува дека некои секојдневни навики се всушност многу штетни кога станува збор за здравјето на забите. Со оглед на тоа дека здравјето на забите влијае и на здравјето на целиот организам, не треба да ги занемариме овие навики.
„Статистиката покажува дека денес голем број луѓе имаат крајно нездрава усна шуплина, иако се чини дека толку многу напредувавме што стоматолозите повеќе не треба да работат“, вели д-р Хос.
Меѓутоа, со толку многу болести на непцата денес, се чини дека некои работи сè уште треба да се променат.
Најголемите грешки кои ги правиме кога се во прашање забите
„Ние правиме голема штета на нашите заби кога се грижиме за нив со производи кои содржат алкохол или други состојки кои можат да ја променат микробиотата во устата, која еволуирала во текот на милиони години“, вели стоматологот.
Течноста за плакнење на устата посебно го прави огорчен бидејќи, според него, убива и до 99 отсто од микробите во устата, а зад себе ги остава само најлошите кои непречено се шират низ устата бидејќи ги нема организмите кои ги спречуваат во тоа.
Д-р Хос советува дека усната шуплина треба да се гледа како градина – со многу добри и лоши бактерии.
Совети за здрава орална хигиена
– Утринската нега на усната шуплина ја започнувате пред појадок, а не после, бидејќи се што сте изеле во устата се претвора во киселина која може да ја оштети забната глеѓ ако веднаш ја исплакнете.
– Откако ќе се разбудите, користете блага течност за плакнење на уста за да ја вратите pH вредноста на усната шуплина.
– Користете забен конец за отстранување на наслагите меѓу забите и исто така интердентална четка, особено ако имате мостови.
– Исчистете го јазикот со производ наменет за таа намена, бидејќи може да се таложат и наслаги кои се штетни за здравјето на усната шуплина.
– Користете квалитетни пасти за заби и четки кои имаат меки влакна.
– Повторете ја истата рутина пред спиење, а последниот чекор треба да биде плакнење на усната шуплина.
– Редовно посетувајте го стоматологот бидејќи здравјето на усната шуплина влијае на целокупното здравје.