Стоматолошка комора на Македонија: Конечно ќе имаме можност и нашите докази да стигнат пред Обвинителството

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Веста дека министерот ги доставил до обвинителството сите наводни докази за сите наводни неправилности од страна на Стоматолошка комора на Македонија ја примивме со одобрување, затоа што конечно ќе имаме можност и нашите докази да стигнат пред непристрасна институција и каде ќе може да ги потврдиме нашата тврдења за исправноста во работењето на Комората, соопштија оттаму.

Исто така напоменаа дека голем дел од доказите се веќе во ОЈО како пропратен материјал на кривичната пријава која Комората ја поднесе за Комисијата за надзор врз основа на чиј извештај „министерот постапи како што постапи“.