Со мирен протест денеска вработените од „Колска“ го изразија своето незадоволство поради блокирањето на нивната сметка.
Со блокада на железничкиот сообраќај на станицата во Велес и со мирен протест по главните улици до седиште на Управата за јавни приходи во центарот на Велес денеска вработените од „Колска“ го изразија своето незадоволство поради блокирањето на нивната сметка.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски, кој денеска заедно со претставници на синдикатот беа во Велес, истакна дека прашањето за опстојување на фабриката „Колска“ е посложен процес.
-Ставот на ССМ и на Гранковиот синдикат е „Колска“ да припадне во работната единица Инфраструктура Македонски железници и на РЕ „Влеча“ при Македонски МЖ Транспорт каде што за 77-те вработени ќе има иднина затоа што долгот на „Колска“ кон УЈП, поради која е блокирана фабричката сметка, не е по вина на работниците, туку по вина на лошите менаџери на „Колска“ ставени од државата и ние како синдикат ќе направиме се да спречиме стечај на „Колска“, изјави Димовски.
Додаде дека во Државниот трудов инспекторат е пријавен раководниот тим на „Колска“ за непочитување на Законот за минимална плата затоа што вработените од март годинава земаат плата под минималната, односно по 15.200 денари.
Претседателот на штрајкувачкиот одбор на „Колска“ Тони Арсовски е огорчен што и по една недела од доставувањето на писмата до Владата и надлежните министерства, никој не се обратил да разговара со Синдикатот.