СТОП во Франција: Невакцинираните играчи на Реал и Челси нема да можат да играат во Лигата на шампионите?

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид и Челси можеби нема да можат да сметаат на невакцинираните фудбалери во Франција во натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите, пишува „Тајмс“.

„Кралскиот“ клуб ќе гостува во ПСЖ на 15 февруари, а Лил и Челси ќе се сретнат на 16 март.

Во Франција, обврска на сите спортисти кои учествуваат на официјални натпревари во земјата е да се вакцинираат против коронавирус.

Се претпоставува дека не се вакцинирани сите играчи на Челси, а менаџерот на „сините“, Томас Тухел неодамна изјави дека тоа е избор на секој играч.

Некои медиуми наведуваат дека, доколку некој од играчите не е достапен поради оваа причина, клубовите имаат основа и бараат натпреварот да се игра на неутрален терен.

УЕФА се уште не одлучила за своите постапки кога станува збор за прописите за вакцинација во одредени земји, но се забележува дека организацијата нема да оди против локалното законодавство.

Останатите двојки од осминафиналето се: Спортинг – Манчестер Сити, Интер – Ливерпул, Салцбург – Баерн, Виљареал – Јувентус, Атлетико Мадрид – Манчестер Јунајтед и Бенфика – Ајакс.

Слични содржини