„Стоп за Вардариште“ ги интензивира протестите: Блокада од 15 до 18 часот

Од денеска ќе се започне со протести кои ќе се одржуваат секојдневно во терминот од 15 до 18 часот, со блокада на мостот „Близнак“ меѓу општините Аеродром и Гази Баба

од Nikola Popovski
69 прегледи Фото: Локално

Најавена нова блокада во Скопје за попладнево. Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“, како што објави, ќе ги интензивира протестите.

Од денеска ќе се започне со протести кои ќе се одржуваат секојдневно во терминот од 15 до 18 часот, со блокада на мостот „Близнак“ меѓу општините Аеродром и Гази Баба

Од иницијативата велат дека на ваков чекор се одлучиле поради, како што наведуваат, игнорантскиот однос на институциите кон нивните барања. Според најавите, протестите ќе се интензивираат сѐ додека надлежните органи не излезат со конкретни решенија во врска со проблемот Вардариште.

Речиси еден месец дел од жителите на Аеродром, Ново Лисиче, а понекогаш поддржани од жители од Маџари, ја блокираат крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“, меѓу двете општини Аеродром и Гази Баба, кои најмногу страдаат од чадот од Вардариште.

Од иницијативата, бараат:

• Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште.
• Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување на Вардариште.
• Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на територијата на Вардариште.
• Поставување на ограда околу Вардариште.
• Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште.
• Откривање и казнување на потпалувачите и организаторите на пожарите.
• Ригорозни мерки против граѓани и правни субјекти кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште