Стопанска банка продолжува со извршување на редовните банкарски активности

од desk3
109 прегледи

 

Стопанска банка ад Скопје денеска соопшти дека како независно правно лице кое работи во рамки на македонската законска регулатива целосно почитувајќи ги мерките на Народната банка на РМ, продолжува со извршување на редовните банкарски активности, при што сигурноста и стабилноста на депозитите останува на највисоко ниво.

stopanska

– Високата капитална и ликвидносна позиција на Банката, која е изградена во досегашниот период како гарант на сигурноста и стабилноста на Банката, ќе биде зајакната со најавената одлука за зголемување на капиталот за дополнителни 35 милиони евра. Со тоа Банката продолжува да биде еден од основните столбови на банкарскиот систем и економијата во земјата, се вели во соопштението. /МИА