Стопанската комора бара стриктна примена на законите во врска со употребата на дезинфициенси на пазарот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Во оваа вонредна состојба, кога се води голема битка за здравјето и животите на граѓаните, мора да се преземат сите можни чекори за нивна заштита“, соопштуваат денеска од Стопанската комора на Македонија.

„Заради тоа, мора да се обезбеди стриктна примена на законските одредби во врска со продажбата на биоцидни производи на пазарот (дезинфициенси за раце, за површини и за подови). Ова е особено важно во постојните услови на нивно енормно користење“, велат оттаму.

Слични содржини