Стопанствениците извисија по којзнае кој пат?

од Vladimir Zorba
562 прегледи

Претеседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Ангел Димитров по одлуката за одложување на утрешната седница на која, меѓудругото, требаше да се најде и петтиот пакет мерки за помош на економијата, вели дека ова покажува дека пратенците се уште не излегле од своите „партиски ровови“ и дека народот ќе ги казни овие партиски надмудрувања.

– Пратениците се обвинуваат кој е повиновен за состојбата – власта или опозицијата, наместо заеднички да ја носат одговорноста за случувањата во земјата. Ова само покажува дека се уште не излегле од партиските ровови. Се надевам дека народот ќе се опамети и ќе ги казни ваквите партиски надмудрувања на штета на целата држава, вели Димитров за „Локално“.

Додава и дека неисплатата на помошта ќе значи големи отпуштања на работници.

– Кој може платите ги исплати, кој нема средства, се уште не ги исплатил. Неисплатата на помошта ќе значи големи отпуштања на работници, за што изгледа на пратениците не им е гајле. За нив се важни партиските надмудрувања, но состојбата е катастрофална, додава претседателот на ОРМ.

Утрешната 36-та седница, на чиј дневен ред се 30 точки, е одложена на неодредено време додека не се обезбеди кворум од 61 пратеник, соопшти денеска претседателот на Собранието – Талат Џафери.

Причина е условувањето од опозицијата, поради кое денешната координација е прекината откако координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побарал на утрешната седница да се расправа за три наместо за 30 точки.

Слични содржини