Стотици рабини од целиот свет потпишаа писмо во кое го повикуваат Израел да престане да го користи гладот како воено оружје, да ги врати заложниците дома и да прекине со воените дејствија во Газа.
Во писмото објавено во петокот, потпишано и од некои водечки рабини од различни деноминации, се истакнува дека „Еврејскиот народ се соочува со тешка морална криза“. Се вели дека потписниците се „длабоко посветени на благосостојбата на Израел и еврејскиот народ“, но оти „не може да молчат“, соочени со растечкиот број смртни случаи во Газа и порастот на гладот.
Писмото доаѓа во време кога низ целиот свет расте гневот поради дејствијата на Израел во Газа и порастот на гладот во палестинската енклава разурната од војната, во која постојано се зголемува бројот на оние што умираат од глад.
USAID: Нашата анализа не најде докази дека Хамас краде хуманитарна помош
Потписниците велат и дека „недвосмислено ја поддржуваат“ израелската борба против Хамас и Хезболах и дека ја разбираат политиката на израелските вооружени сили за заштита на животите на своите војници, но не можат да толерираат „масовни убиства на цивили, вклучувајќи голем број жени, деца и постари лица.
„Сериозните ограничувања на хуманитарната помош во Газа и политиката на ускратување храна, вода и медицински материјални на цивилното население во неволја, противречат на основните вредности на Јудаизмот каков што ние го разбираме“, се вели во писмото.
📽 Трагичните последици на гладот во Газа: „Дури во градите на мајките повеќе не се создава млеко!“