Странците иницираа лидерска средба меѓу Груевски, Заев, Ахмети и Тачи

од desk3
94 прегледи

LIDER

За утре е иницирана е средба од претставниците на меѓународната заедница на четворицата лидери на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Според меѓународните преставници, ова било компромисно решение за да се отвори дијалог за решавање на политичката криза.

Политичкиот дијалог ќе се води меѓу Груевски, Заев, Ахмети и Тачи.

Предлогот средбата да се одржи под координација на Претседателот Иванов е отфрлен од страна на ДУИ заради неприфаќањето на Али Ахмети да седне на иста маса со претседателот чиј избор не го признаа.