Не можам да дадам било каква изјава за денешната средба во Брисел помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, таков е договорот, изјави за 24 Вести европратеникот Иво Вајгл, непосредно пред втората рунда преговори.
Вајгл само потврди дека форматот на средби ќе биде идентичен како и пред Велигденските празници.
Европската парламентарна тројка Вајгл – Кукан – Ховит прво ќе остварат одвоени средби со претставниците на двете партии, а на крај и заедничка. Штури, речиси никакви информации за стратегија во пристапот или очекувањата од бреселската средба и од двете партии и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ.
Лидерот на опозицијата Зоран Заев, на вчерашниот пресс единствено соопшти , дека тие како партија секогаш преднос им давале на преговорите, или како што рече, и војните и судирите на крајот завршуваат на преговарачка маса. Тој само кусо потенцираше дека се што ќе се договорат , остава да го соопшти Европа. Од ВМРО ДПМНЕ молк.
Инаку, првата бриселска средба меѓу претставниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се случи точно пред две недели.
Опозицијата ја предводеше заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, а во нејзиниот тим се Рената Десковска и Виктор Габер, додека од страната на власта на преговарачкото столче седнаа министрите Никола Попоски и Никола Тодоров и пратеникот Илија Димовски.
Првата средба беше иницијална и ставовите на партиите не се доближија ниту за милиметар, и не бече и целта, туку колку да се сретнат.Од состанокот излезе само штуро соопштение според кое сите учесници се договориле дека разговорите ќе продолжат.Преговорите во оваа фаза Брисел веројатно ќе имаат за цел да се оддржува некаков официјален контакт меѓу двете страни, а вистински преговори ќе почнат кога кризата ќе еруптира, па дури потоа ќе почнат вистинските преговори за излез од неа, велат аналитичарите за локално.мк
Паралелно со овој процес се случува продлабочување на кризата со дигање на тензиите, и радикализација на незадоволството а исто така расте и загриженоста за случувањата во земјава. Шефовите на дипломатиите на ЕУ идната недела се очекува да донесат заклучок за Македонија со кој ќе изразат загриженост за политичката криза која станува се подлабока.
Освен тоа, наредната недела во посета на Македонија и разговори со власта, опозицијата и граѓанското општество ќе допатуваат претставници на земјите членки на ЕУ.
Во овој период пред серозната најава на радикализација , која е очекувана според вокалбуларот на двете страни кои наводно смируваат ,се очекува интензивна вклученост на странски влијателни земји во превенирање на проблемот и соопштување на излезните решенија кои се нужност по обелоденетите сознанија, за она што и се случува периодов на Македонија, велат истите извори.
