Адвокатот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Страшевски преку соопштение бара оставка од претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и дека е време за обединување, обнова и враќање на старото и силно ВМРО.
„Потикнат од двете интервјуа на ‘ Мицкоски ‘ дадени за ТВ Сител и ТВ Алфа неможев а да не ја споделам реалноста , вистината со граѓаните на Република Македонија и членството на ВМРО ДПМНЕ
МИЦКОСКИ НЕ САМО ШТО ПОВТОРНО САМ СЕ ЛАЖЕ, СЕ ОБИДУВА И МИСЛИ ДЕКА МОЖЕ ПОВТОРНО ДА ГО ЛАЖЕ И ЧЛЕНСТВОТО НА ВМРО ДПМНЕ, ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ И ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
ЗАТВОРЕН, МАЃЕПСАН ВО ШТАБСКОТО ДЕЛУВАЊЕ ВО ЛУКСУЗОТ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА.
Мицкоски повторно неспремен одработувајќи за власта за неговиот шеф Зоран Заев, немајќи став за ниту едно важно прашање за Република Македонија, повторно немајќи став за пописот како и за сите претходни работи од национален и државен интерес ( име,јазик,идентитет, договорот од Преспа, и договорот со Бугарија) неспремен за локалните изборите, шири дезинформации дека немало услови за попис, како и фер и демократски избори,потоа дека има страв од Ковид 19 пандемијата и наводната негова грижа за граѓаните на Република Македонија.
Денес бара ‘влакно во јајцето ,утре јајце во влакното’.
Денес со став за имунизација на попишувачите, утре ќе бара имунизација на избирачки одбори, имунизација на гласачите, имунизација на ДИК и се така само за да избега и се соочи со реалноста и со неговата неспособност за решавање на државните прашања во Република Македонија и недостигот на храброст и идеи,одработувајќи за Зоран Заев и власта, правејќи си сам претстави во кои и тој не верува а само одработува. Мицкоски како и пред парламентарните избори 2020 така и сега,прво бараше итни избори, потоа истакнуваше дека нема услови за фер и демократски избори, за потоа повикувајќи се дека има наводна грижа за пандемијата ковид 19 и граѓаните на Република Македонија. Сето ова беше блеферска финта за да Христијан Мицкоски ја прикрие неговата неспособност за победа на било кои избори,а имаше шанса ГОЛЕМА ШАНСА, неповторлива!!!“, стои во соопштението на Страшевски.