СТРАШНА ГЛЕТКА: Напаѓачот на Сасуоло на позајмица во Аланија се сруши на теренот

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

По Кристијан Ериксен, кој колабираше на теренот на еден од првите натпревари на Евро 2020, продолжуваат да се случуваат непријатни сцени на фудбалските терени ширум светот.

Екстремните температури и затегнатата сезона поради пандемијата на коронавирусот ги принудија фудбалерите да вложат неверојатни напори, а сега во Турција едвај е избегната трагедија.

Напаѓачот на Сасуоло на позајмица во Аланија Бабакар Кума се сруши за време на тренингот на тимот. Новиот тим на Немања Милуновиќ се подготвуваше за новата сезона, а кога сенегалскиот напаѓач се сруши на теренот, медицинскиот тим за среќа реагираше брилијантно и му го спаси животот.

Тој беше пренесен во болница, од каде што веќе објави дека се опоравува, откако му беше дијагностициран срцев удар.

„Сакам да му порачам на моето семејство, пријатели и обожаватели дека сум добро. Ви благодарам за поддршката“, напиша Сенегалецот.

Сега, фудбалерот на Аланија останува на понатамошни прегледи. Бабакар Кума има 28 години, а во текот на својата кариера играше за Фиорентина, Падова, Модена, Сасуоло, Лече, Расинг Сантандер и Аланија.

Слични содржини