СТРАШНИ БРОЈКИ: Околу 8,2 милиони Украинци заминаа во странство бегајќи од војната

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Околу 8,2 милиони жители на Украина заминале во странство како резултат на големата војна што ја започна Русија, изјави шефот на парламентарната комисија Олена Шулиак, пренесува Уринформ, повикувајќи се на Украинското радио.

„8,2 милиони наши луѓе моментално се во странство, повеќе од 5 милиони се внатрешно раселени лица на територијата на Украина“, рече таа.

При планирањето на повоената обнова на Украина, неопходно е да се има предвид колку од овие милиони бегалци ќе се вратат во своите заедници, како да се вработат и да се обезбеди пристап до социјалната инфраструктура, рече таа.

Слични содржини