Во неговиот нов документарен филм „(My) Truth: The Rape of Two Coreys“, Кори Фелдман изјави дека познатиот актер Чарли Шин го силувал тогаш тринаесетгодишниот Кори Хејм на сетот на филмот „Лукас“ во 1986 година.
„Ми рече: ‘Чарли ме наведна меѓу две приколки и ми стави масло на задникот и ме силуваше среде бел ден. Секој можеше да помине, секој можеше да го види“, навел Фелдман, пренесе Entertainment Weekly.
Овие тврдења ги повтори сопругата на Фелдман, Сузана Спраг, а потоа се огласи и Шин.
„Овие болни, извртени и чудни работи за кои ме обвинуваат никогаш не се случиле“, изјави тој за Huffington Post, додавајќи дека се надева дека луѓето ќе го земат предвид „она што има да го каже мајката на Хејм, Џуди“.
Обвиненијата против Чарли Шин најпрвин ги изнесоа National Enquirer и актерот Доминик Браша.
„Кори ми кажа дека на снимањето на ‘Лукас’ тој и Чарли пушеле трева, а потоа имале секс. После тоа, Чарли бил ладен и незаинтересиран кон него. Не сакал повеќе да се дружи со нив“, изјави Браша за HP.
Откако овие тврдења беа изнесени во 2017 година, Џуди Хејм, мајката на Кори Хејм, го бранеше Шин.
„Мојот син никогаш не го спомнал Чарли. Никогаш не зборувавме за Чарли. Сè беше измислено… Да беше мојот син овде и да го слушнеше сето ова, ќе повртеше“, изјавила тогаш таа, пренесуваат странските медиуми.
Кори Хејм почина на 38-годишна возраст од пневмонија и никогаш официјално не го спомна Чарли Шин како негов силувач.