
Во Соединетите држави повеќе од 1.200 луѓе починаа од коронавирусот во последните 24 часа, соопшти универзитетот Џонс Хопкинс доцна синоќа.
Досега, вкупно 9.633 починале од вирусот во Америка.
Според најновиот извештај, 337.072 лица се заразени.
Вчера, претседателот Доналд Трамп ги предупреди Американците дека допрва доаѓа врвот на епидемијата.