Против болеста нема вакцина ниту лек
Подмолен и високо заразен, а понекогаш и смртоносен , инфекцијата нововирус го чини светот околу 64 милијарди долари годишно, главно како изгубена продуктивност. Студијата на експерти од Универзитетот “Џон Хопкинс” во Мериленд е објавена во списанието PLOS ONE . “Само слушате за тоа, кога луѓето се разболуваат на брод или во ресторан, нововорусот е насекаде.Не е важно колку години сте или дали живеете во сиромашна или богата држава, или дали сте се разболувале и пред и од него – може да се разболите пак.И тој е всушност непријатен “, вели Сара Барт, шеф на истражувањето.
Против вирусот нема вакцина ниту лек за лекување.
Вирусот убива околу 219 000 луѓе годишно во светот и од него се разболуваат речиси 700 милиони луѓе, што доведува до 4,2 милијарди долари трошоци за здравствена заштита и 60,3 милијарди долари годишно социјални трошоци, пишува во извештајот.
