Стратешки аналитичар: Путин направи клучна грешка со армијата

од Stefanija Kuzmanovska
407 прегледи

Бунтот кој го иницираше Евгениј Пригожин во Русија значително го наруши имиџот на Владимир Путин како силен лидер, создавајќи впечаток дека моќта му се измолкнува. Меѓутоа, со помош на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Путин успеа брзо да го потисне пучот, пишува Newsweek.

По бунтот, многу аналитичари и западни извори посочија дека претстои чистка во руските воени редови. Според нив, ова може да биде клучен погрешен потег на Путин. Фредерик Мертенс, стратешки аналитичар од Хашкиот центар за стратегиски студии, истакнува дека отстранувањето на искусни офицери од командната структура може да ја ослабне способноста на Русија соодветно да одговори на украинските операции.

Британското министерство за одбрана во средата извести дека поранешниот командант на руските сили во Украина, генерал Сергеј Суровикин, не се појавил во јавноста од вооружениот бунт на Пригожин. Суровикин, познат како „Генерал Армагедон“, според некои непроверени извештаи, бил уапсен по бунтот. Тој претходно изрази поддршка за руската влада против бунтот.

Во интервју за руски Телеграм канал, кој е поврзан со московските безбедносни служби, ќерката на Суровикин тврди дека нејзиниот татко не бил повреден.

Newsweek пишува дека Пригожин бил поблизок со Суровикин отколку со Валери Герасимов, началникот на рускиот Генералштаб. New York Times, повикувајќи се на американски официјални лица и западни разузнавачки служби, по бунтот објави дека Суровикин однапред знаел за бунтот.

„Чистењето на армијата не придонесува за нејзината изведба“

Иако Суровикин е контроверзна личност на Западот, британското министерство за одбрана во своето последно ажурирање го опишува како „еден од најпочитуваните високи офицери во руската војска“ и истакнува дека мерките против него најверојатно ќе предизвикаат „недоразбирања“. Мертенс додава дека „чистењето“ на армијата од „политички нестабилните елементи“ не придонесува за нејзината изведба.

Проблемите со командната структура, моралот, дисциплината и транспарентноста во руската војска долго време се одразуваат на руските операции во Украина. Меѓутоа, доколку биде одлучено да се „исчисти“ војската, околностите на бојното поле ќе станат уште поважни.

„Сè додека битката е статична, ваквата ситуација може да се толерира. Но, ако битката стане подвижна, таа ги попречува брзите одговори што се потребни и во екстремни случаи може да доведе до де факто парализа на командата“, рече Мертенс.

Слични содржини