Стратешки проект како Чебрен се гради со поддршка, со цел да не се оптерети буџетот, вели Николовски

од Vladimir Zorba
390 прегледи

„Чебрен е еден стратешки проект којшто сите овие години, и оваа влада и претходната којашто имаше повеќе од 10 неуспешни обиди да го спроведе со самото тоа што сакала да ги спроведе веројатно, сакала да каже дека е добродојден тој проект. Сами за да изградиме еден таков објект треба да знаеме која ни е финансиската состојба во државата и финансиските импликации. Анализите покажуваат дека такви проекти се градат со поддршка, дали на Европската развојна банка, дали на Светска банка и тн. Со цел да не го оптеретиме нашиот финансиски буџет од којшто треба да ги исплаќаме платите, пензиите, и се останато“, изјави Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија.

Тој додаде дека тој претпочита градење на домашни капацитети и што е можно повеќе домашни компании да бидат вклучено во тоа, но доколку анализите покажат дека тоа е подобро финансиски за државата, смета дека и тоа е избор.

Слични содржини