Страв од Русите! Британските министри не смеат да носат „Епл Вач“

од desk3
72 прегледи

На британските министри отсега им е забрането да носат „Епл Вач“ паметни часовници поради страв дека Русите би можеле да ги хакираат, пишува лондонски „Телеграф“.

download

Одлуката е донесена на седница на британската Влада. Претходно, употребата на мобилни телефони исто така беше забранета, потсетува изворот.

Од друга страна, познато е дека САД ги обвинуваат руските тајни служби дека стојат зад пробивањето на електронските преписки на Демократскиот национален конгрес.

Руските хакери, исто така, се сметаат за одговорни за онлајн ширење податоци за тестирање лекови врз некои олимпијци, наведува „Спутник“. /МИА