255
Бројот на луѓе кои починале од коронавирусот изнесува три милиони од почеток на избувнувањето на пандемијата на ковид-19, покажуваат денешните податоци на вашингтонскиот сајт „worldometers.info“.
Кога станува збор за заболените, бројот на заразени со коронавирус од избувнувањето на пандемијата е близу 140 милиони, поточно – 139.710.707.
Од вирусот се опоравиле 118.763.479 луѓе или околу 98 проценти, додека два проценти починале.
Има скоро 18 милиони активни случаи, од кои 99,4 (17.849.302) имаат поблага клиничка слика, а 106.926 лица (0,6 проценти) се во критична состојба.