Стравот ја носи Ле Пен на власт во француските региони

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Крајната десница во Франција испадна прва политичка сила во земјата, откако станаа јасни резултатите од првиот круг на локалните избори. Националниот фронт постигна историска победа, со импресивен резултат: над 6 милиони Французи кои дале поддршката за ултрадесничарската партија, чија идеологија понекогаш е тешко компатибилна со француските републикански принципи.

2110948539

Тоа е опасна демагогија за голем дел од Французите, но за милиони други таа е средство за казна спрема традиционалните политички партии – на владејачките социјалисти и на републиканците во опозиција.

“На францускиот народ му омрзна да го третираат како стадо овци. Луѓето сакаат суверенитет, сакаат сами да решаваат што е во нивен интерес. Сеуште е тешко да  се предвиди резултатот од вториот круг. Ќе продолжиме активно со кампањата. Ќе продолжиме да им објаснуваме на граѓаните, кои се придобивките кога не гласаат за истите партии секој пат “, изјави лидерот на Националниот фронт Марин Ле Пен.

Шок во Франција: НП на Марин Ле Пен ги претрка левичарите и десничарите на локалните избори

Стравот и несигурноста за време на миграција криза, како и во деновите по нападите од 13-ти ноември, дополнително  го мобилизираа електоратот на крајната десница. Популарноста на претседателот Оланд нагло се зголеми поради неговото владеење по нападите, но тоа тешко дека ќе им помогне на социјалистите идната недела на вториот круг на изборите.

Републиканците се здружија со центристите, но дури и со заеднички сили се покажаа послаби од Националниот фронт.

Да, тоа се локални избори, а не претседателски. Но ставаат сепак крај на илузиите на традиционалните партии. Бидејќи националниот фронт може да биде на прагот на власта.