Анализите говорат дека трговските центри повеќе од 50 проценти од нивниот седмичен промет го прават точно во недела. Доколку одлучиме трговските центри да работат во недела, тоа ќе биде под строго дефинирани критериуми, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
-Повеќе од три месеци како Влада разговараме со сите партнери кои се засегнати со носењето на законското решение – недела, ден за неделен одмор. Дебатата е суштинска и во текот на расправата за првичната замисла на МТСП во недела сите работници да не работат, освен оние во дејностите кои се неопходни за непречено функционирање на државата, произлегоа други размислувања за кои ние отворено дебатираме. Како носители на одлуките мора да се соочиме со бројките и реалноста и оттука размислуваме и за делот на работењето на трговските центри.Ако се дозволи ќе има построго дефинирано работното време и со дополнителни критериуми во драфт-верзијата како обврски на сопствениците на продавниците за дополнителен данок за државната каса и дополнителен придонес кон работниците, рече Шахпаска .
Анализите и бројките, како што кажа, говорат дека трговските центри повеќе од 50 проценти од нивниот седмичен промет го прават точно во недела.