Строги правила за туристите во Шпанија: Ако вршите нужда во море ќе бидете казнети

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Градскиот совет на шпанскиот град Вига најави строги казни за туристите. Секој што ќе изврши нужда во море или на плажа ќе биде казнет со околу 750 евра.

Според „Дејли мејл“, градскиот совет го окарактеризирал мокрењето како „прекршување на хигиенските и санитарните прописи“, а за да се стави крај на овој проблем, планираат да постават јавни тоалети на плажите.

Но, казните за капачите не завршуваат тука. Шпанците најавија и дека сите туристи кои носат само костими за капење или шетаат голи мора да бидат внимателни бидејќи може да бидат казнети и за несоодветна облека на улица.

Бидејќи и тие водат битка со отпадот, предвидени се казни за секој што ќе остави ѓубре или ќе донесе скара на плажа. Забрането е користење на сапун во морето, а ако играте со палка и топка на плажа или се обидете да резервирате место на плажа оставајќи крпа – ќе бидете казнети за тоа.

Вига не е единствениот град со казни за туристите. И Мајорка и Ибица најавија претходно дека туристите на ол инклузив одморите ќе можат да пијат само шест пијалоци дневно, односно – три за ручек и три за вечера.

На Балеарските Острови нема повеќе продажба на алкохолни пијалоци во периодот од 21.30 до 8 часот, укината е понудата на пијалоци „два за еден“ и среќен час на одредени места. Регионот Коста дел Сол најави дека ќе ги потисне и скандалозните забави за девојки и момчиња, а размислуваат и за поставување монитори за бучава во туристичките апартмани.

Слични содржини