Строги протоколи за завршницата на европските натпреварувања

од Vladimir Zorba

Европската фудбалска централа (УЕФА) објави строги протоколи за завршните турнири на клупските натпреварувања.

Сите играчи и членови на стручниот штаб ќе бидат тестирани за коронавирус два до три дена пред првиот меч, а потоа повторно ден пред секој натпревар од Лигата на шампиони и Лига Европа.

Резултатите мора да бидат подготвени најмалку шест часа пред почетокот на натпреварот.

На играчите и на членовите на стручниот персонал нема да им биде дозволено да го напуштат хотелот освен ако претходно не се договорат под одредени услови.

Нема да има контакт со луѓе кои се надвор од групата.

Финалниот турнир во Лигата на шампионите ќе се одржи во Португалија, а Лигата на Европа во Германија.

Слични содржини