Строгите мерки во Германија остануваат до 7 март

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Претставници на германската федерална и покраинска влада вечерва одлучија дека сегашните строги мерки на затворање ќе бидат продолжени до 7 март, со некои отстапки, како што е отворањето на фризерски салони на почетокот на март.

– Ситуацијата со инциденцата е подобрена од последниот состанок. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните за однесувањето што придонесе за подобрување на состојбата. Сепак, ние сакаме дополнително да ја намалиме инциденцата и затоа ги продолжуваме сегашните мерки – рече германската канцеларка Ангела Меркел вечерва по видео-конференција со премиерите на федералните покраини.

Таа посочи дека во моментов најважно е да се спречи ширењето на мутираните видови на вирусот што се појавија во Германија.

-Понатамошните мерки се поврзани со мутациите на вирусот, чие ширење мора да го спречиме по секоја цена. Многу е важно да го следиме развојот на ширењето на мутираните вируси до средината на март, за да нема трет бран – рече германската канцеларка.

Слични содржини