Стручњак од ФБИ ги нарече вработените во Apple „кретени“ и „зли гении“

од desk2
84 прегледи

Откако компанијата Apple направи автоматска енкрипција на iPhone, Федералното биро за истраги води борба против нив жалејќи се дека криптографијата е толку силна што ни самата компанија не може да ја пробие што на властите им ја отежнува борбата против тероризмот и криминалот.

На Меѓународната конференција за сајбер безбедност на Менхетен, стручњакот за форензика од ФБИ Стивен Флатли ја критикуваше компанијата Apple, а нејзините вработени ги нарече „кретени“ и „зли гении“ кои нему и на неговите колеги им ја отежнале работата.

На пример, се пожали дека Apple неодамна ги отежнал обидите да се пробие некоја шифра, менувајќи ја итерацијата од 10.000 на 10 милиони. Тоа значи дека обидот да се погоди лозинката не е повеќе 45 лозинки во секунда туку една во 18 секунди, па обидот да провалите некоја лознка место два дена сега трае два месеци.

Од друга страна ја пофали израелската компанија Cellebrite која продава уреди за хакирање на ФБИ велејќи дека се единствени кои можат да излезат на патот на производите од комапнијата Apple.

„Ако имате друг злонамерен гениј, Cellebrate, тогаш може да излезете на фронт“, рече тој кашлајќи додека го изговараше името на израелската компанија.