Стручњаците докажаа дека оваа навика директно предизвикува рак и инфаркт: Сите тоа го правиме барем по 2 часа секој ден

од Aleksandar Petrovski

Гледањето телевизија помалку од два часа на ден би можело, заедно со промена на други навики, да спречи или одложи влошување на здравјето, според новото британско истражување пренесува Би-Би-Си.

Здравствените ризици поврзани со времето поминато пред екран, како што се рак и кардиоваскуларни заболувања, се најниски кај оние кои гледаат телевизија помалку од два часа на ден, но има и други фактори.

Студијата на Универзитетот во Глазгов опфати скоро 500.000 учесници на возраст од 37 до 73 години во текот на 12 години од 2006 до 2018 година.

Истражувачите велат дека резултатите покажуваат дека сите треба да намалат гледање на ТВ и екрани за мобилен телефон, односно да седат мирни.

Доколку сите учесници во студијата го скратиле времето на гледање на телевизија на помалку од два часа на ден, истражувачите пресметале дека е можно да се спречат или одложат 5,62 отсто од сите смртни случаи кај испитаниците, или 7,97 отсто од смртните случаи од кардиоваскуларни заболувања.

Хамиш Фостер, од Институтот за здравство и благосостојба на Универзитетот во Глазгов, рече дека студијата што ја водел ги потврдила претходните докази дека гледањето телевизија предолго, односно премногу седење, може да го влоши здравјето.

Затоа „нашата студија покажува дека ограничувањето на времето пред телевизорот може да го одложи или спречи оштетување на здравјето“, рече Фостер, кој е доктор.

Сепак, тој истакна дека „пред нас останува многу истражувачка работа пред да можеме да дадеме цврсти препораки за должината на времето пред телевизорот“.

Тој изјави дека испитаниците кои долго гледале телевизија и биле со послаба здравствена состојба, исто така имале нездрава навика да јадат и грицкаат пред телевизорот и дека се со послаба материјална состојба.

Слични содржини