Струга: Поради злоупотреби, рестрикции за вода од 01 до 06 часот наутро

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ воведува рестрикции со водата за пиење на територијата на општина Струга во периодот од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро.

Таквата одлука е поради злоупотреба на водата од водоснабдителниот систем во вечерните часови и затоа рестрикциите ќе бидат после полноќ.

Ограничувањето ќе трае до стабилизирање на состојбата.

Од Јавното претпријатие најавија дека комуналните инспектори во координација со полицијата од вечерва ќе продолжат со теренски контроли за откривање на слуачи на злоупотреба.

Слични содржини