Струга: Проаква исклучува неплаќачи од системот за водоснабдување, фирми,  боници, училишта, кафулиња – должници

од desk4
108 прегледи

За период од три години Проаква од овие фирми има побарувања поголеми од еден милион евра. Само за 2017 година таа сума е околу половина милион евра, информира АлсатМ.

Покрај граѓаните, големи должници се и државни и локални институции, болници и училишта на кои отпаѓаат околу 40 % од долговите.

„Од правните субјекти на локално ниво само училишта за вода должат за оваа година повеќе од 20 милиони денари. Државните институции како што се подрачните министерства вклучително и болниците кои се под капа на државата должат околу 10 милиони денари. И затоа преземаме мерки за исклучувања директно“. – изјави Ваит Ајро- директор на Проаква Струга

Должат и угостителски објекти, чиј што долг за изминатите неколку години достигнувал и до 100 милиони денари. Од претпријатието, за Алсат М велат дека нема да бидат толерантни кон никого.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука