Струја се штеди и во РКЕ, Бислимоски: Денеска дојдов по скали на работа

од Берта Китинска
214 прегледи

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски на денешната прес-конференција рече дека и во оваа државна институција се почитуваат владините мерки за штедење кои полнуваат од денеска, па тој во зградата на РКЕ до работното место наместо со лифт дошол по скали.

– Како што гледате, јас денеска дојдов по скали на работа. Имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Осветлувањето е ограничено, немаме пуштено ладење и сите мерки кои се за штедење ќе ги превземеме. Целата јавност треба посериозно да се однесува кон мерките за штедење бидејќи во услови на цени од 700-800 евра за мегават-час на слободен пазар – рече Бислимоски.

Слични содржини