Струјата ќе постапи за 27% ако се прифатат сите барања на енергетските компании

од Nikola Popovski
335 прегледи

МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција поднеле барања за новата цена на електрична енергија после Нова година. Како што информира директорот на РКЕ, Марко Бислимоски, доколку се прифатат барањата од сите, цената на сметките за струја би се зголемила за 27%.

Од сега Регулаторна навлегува во анализи на барањата и очекуваат дека до крајот на следна недела ќе ги донесат цените за МЕПСО за пренос, за МЕМО за организирање на пазарот и за Електродистрибуција за дистрибуција на енергијата до потрошувачите.

ЕСМ понудил 57 евра наместо 53 евра за мегават час и наместо обезбедување на 100% од вкупните потрошувачи, ќе се обезбедат 95%.

-Согласно измените на Законот за енергетика, универзалниот снабдувач ќе направи пресмети и ќе ги достави на контрола во РКЕ. Во таа контрола, имаме право да донесеме и посебна одлука со точно утврдени забелешки. Ќе бидеме максимално транспарентни за секоја одлука што ќе донесеме, кажа Бислимоски на денешната прес-конференција.

Слични содржини